Б1 Амбиент Медиа ДОО Скопје е докажана опшествено одговорна компанија со основен мотив и цел на своето постоење да допринесе и во подигнувањето на свесноста и перцепцијата на социјалниот живот и превенција на опшествените девијации на модерното живеење.
Како компанија со таков приод во областа на своето делување Б1 Амбиент Медиа овозможува поддршка на невладини и непрофитни организации кои делуваат во таа област и допринесуваат нашето секојдневие да биде исполнето со љубов,взаемно почитување и поддршка .
Пример за таквата успешна соработка се спроведените кампањи на здружението ХЕРА. Кампања за превенција и навремено откривање на ХИВ вирусот и бесплатно тестирање. Кампањата за подигнување на свесноста во донариње на органи ПОДАРИ ОРГАН ПОДАРИ ЖИВОТ. Кампањата на здружението БОРКА по повод светскиот ден во борбата против ракот и др.
Б1 Амбиент Медиа и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите невладини и непрофитни организации со исти или слични проекти во рамките на своето делување.



