Б1 Амбиент Медиа ДОО Скопје со цел да ја пренесе пораката до сите пациенти и корисници на здравствени услуги ја зголеми својата понуда на огласни површини. Имено Б1 Амбиент Медиа неодамна склучи Договор со Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје. Институтот ЈЗУ-Козле претставува пример за современ пристап кон пациентите од најраната своја возраст пред се преку својот високо стручен и мултидисциплинарен човечки ресурс опремен со најмодерна технологија и простор. Во Институтот годишно се лекуваат преку 40 000 пациенти и се вршат преку 135 000 амбулантски прегледи.



