
800.000 регистрирани посети по лекар месечно
>30 минути просечно чекање во чекалната
Секој месец, во Р. Македонија се забележуваат преку 800 илјади посети кај матичните лекари во Здравствените домови. Целната група која има здравствени проблеми, просечно се задржува преку 30 минути во чекалните, холовите и пред административните шалтери. Во тој клучен психолошки временски период кога луѓето размислуваат како да го подобрат своето или здравјето на своите најблиски, е вистинскиот момент за остварување на директен контакт со едукативно – промотивните и здравствени пораки. Овие пораки со својата интересна, информативна и впечатлива содржина го привлекуваат вниманието на пациентите, овозможуваат субјективно влијание врз нив и потикнуваат дополнителен интерес за производот.
Во непосредна близина на Здравствените домови се наоѓаат и аптеките, како продажни места во кои што видените предлози и потребите може веднаш да се реализираат.
Здравиот човек има безброј желби, додека пак болниот само една!
Здравјето е нашето најголемо богатство за кое сме подготвени да вложиме пари, труд и време за себе и своите најблиски.
Ако главниот императив на вашиот производ се здравјето и здравиот живот, тогаш сметаме дека ова е неизбежното место каде што вашата порака и производ мора да бидат присутни.
Вооедно овој проект придонесе во решавањето на неконтролираното лепење постери и нагрдување на на ѕидните површини во здравствените установи и во планирањето за систематско спроведување на комерцијални и едукативно – превентивни кампањи.
Според Институтот за Јавно Здравје на РМ, сите промотивни пораки треба да бидат со едкуативна содржина во согласност со Законот за лекови и медицински помагала на РМ.
Промотивни можности кои Ви ги нудиме :
– РЕКЛАМИРАЊЕ НА КОМПАКТНИ ПАНЕЛИ ВО Б1 ФОРМАТ СО ДОДАТНА ПРЕГРАДА ЗА ПРОМОТИВНИ БРОШУРИ
– КОМЕРЦИЈАЛНО – ЕДУКАТИВНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ
Кои се предности за соработка со Нас :
– Директен контакт со целната група – запознавање на пациентите со лекови или услуги кои им се потребни во дадениот момент
– Директна комуникација со здравствените работници
– Ефективно и трајно влијание врз целната група
– Пораките преку нашите панели, посетителите ги третираат како препорака
– По примените рекламни пораки во Здравствените домови дури 95% од целната група ги посетуваат аптеките
За сите дополнителни информации Ви стоиме на услуга
Тел: 02/ 60 91 606
E-mail: office@b1-ambientmedia.mk
| Покриеност |
|---|
| ЗД Скопје |
| ЗД Прилеп |
| ЗД Битола |
| ЗД Велес |
| ЗД Струмица |
| ЗД Штип |
| ЗД Куманово |
| ЗД ЗД Тетово со преку 500 рекламни површини поставени пред сите општи , педијатриски и специјалистички ординации. |
| Спецификации за печатење | |
|---|---|
| Б1 панел | |
| исечените димензии | 68 x 98 cm |
| видлив димензии | 66 x 96 cm |
|
|